Motherhood

Влошен квалитетот на спермата

Според големото истражување на подрачјето на Америка и Европа, потврдено е дека квалитетот на спермата и нејзиното количество, во последниве 50 години опаѓа. Вршени се разни тестирања, а испитувани се брзината на сперматозоидите и промената на количеството хормони кај современиот маж.

„Мажите стануваат се по – неплодни, а ситуацијата е алармантна. Бројот на членови во семејствата се сведува на 3. Бројот на новородени деца е во постојано опаѓање, а причината за тоа е слабиот квалитет на спермата на мажите, сето тоа доведува расшад на семејствата,  до ненадминливи проблеми помеѓу сопружниците“ – истакнува Клаус Милер, директор на истражувањата.

Овие истражувања се предвидени на секои десет години, со што состојбата за квалитетот на спермата станува загрижувачка и се прават обиди да се открие причинителот на ваквата појава. Според некои истражувања за ова се виновни естрогените кои се наоѓаат во пестицидите и пластичните маси. Се претпоставува дека истите го спречуваат создавањето машки полови хормони и поттикнуваат женски карактеристики.

Напиши коментар