ШоуБиз

Внимание! Коњ на црвениот тепих!

Режисерот Стивен Спилберг пристигнал на премиерата на својот најнов филм „Воен коњ“ во Лондон и тоа заедно со главните актери – Џереми Ирвин и коњот Џои.

Иако британските медиуми најмногу внимание му посветиле на кралскиот пар кој дошол да ја види премиерата на филмот, американците воглавно пишуваат за „главниот актер“ кој се појавил на црвениот тепих, односно за коњот Џои.

Џои трпеливо позирал пред фоторепортерите, а Стивен открил дека снимањето со него било „и напорно и фантастично истовремено“.

–          Досега не сум имал прилика да работам со животни. Е.Т. беше доста полесен за работа, но и Џои беше фантастичен на свој начин.

Во филмот „Воен коњ“ се зборува за момчето Алберт кое се пријавува во војска за време на Првата светска војна, а потоа неговиот коњ и го продаваат на кралицата. Алберт патува низ цела Европа, каде беснее војна, само за да го пронајде својот коњ.

Напиши коментар