Motherhood

Внимавајте како, а не што му зборувате на бебето!

Според новите истражувања на британските научници, бебињата разбираат што нивните мајки зборуваат иако не го знаат јазикот на кој тие зборуваат.

Истражувачите покажаа дека децата реагираат на ист начин на гласот од мајката без обѕир дали таа зборува англиски или грчки јазик и со тоа докажаа дека – бебињата го разбираат тонот на мајчиниот глас но не и нејзините зборови.

Набљудувани се реакциите на едногодишни бебиња чии мајки играјќи си со нив изговарале англиските зборови  ‘whoops’ и  ‘there’. Потоа мајките со истиот тон на гласот почнале да ги изговараат истите зборови на грчки јазик, што кај бебињата предизвикале исти реакции, без разлика на јазикот.

Истражувањето е спроведено со 84 деца, на возраст меѓу 14 и 18 месеци, во текот на една година а притоа да ниедно дете претходно не било во допир со грчкиот јазик.

Водачот на истражувањето доктор Merideth Gattis објаснила дека ова студија покажува дека на децата им е потребен само тонот на гласот за да разбираат, бидејки подеднакво реагирале на изговорените англиски и грчки зборови.

Реагирањето на тонот на говорот  од родителот од многу раната возраст ни покажува дека тонот од гласот е навистина корисен сигнал што некој мисли, па резултатот од студијата со сигурност покажува дека не е важно што кажал родителот, туку како тоа го кажал.

На препораките од патронажните сестри родителите да им зборуваат на своите бебиња, често наидуваат на одговор дека не знаат што би им зборувале на своите бебиња, но ова студија им покажува јасно дека треба да обрнат внимание на тонот со кој им се обраќаат на своите бебиња а не на содржината на разговорот.

Напиши коментар