Во француската област Месидо-Кано, на северозапад, во тренд е нова хотелска понуда, а тоа се соби сместени високо на дрво, пренесуваат француските медии.
За тукушто венчаните, медениот месец на дрво не е толку романтична работа, но вљубените во природата на овој начин на сместување во хотел пронаѓаат магија, иако нема струја и вода за пиење.
За да се дојде до апартманот мора да се помине низ ходник од јажиња.Собите се многу едноставни- спална соба и купатило во една просторија.
Не е гламурозно но, е слатко –вели една туристка, а Мишел која овде дошла на две вечери со нејзиниот сопруг додава: “Вистинско поврзување со природата. Мир и тишина. Баш тоа што ви е потребно да побегнете од град и да искусите прав одмор”.
Сопственикот на овој необичен ланец хотели Ерве Мезерек е изненаден колку туристи сакаат наместо во витински хотели да преспијат во оваа куќа на дрво.
Дури и кога е ладно и паѓа дожд, гостите сакаат да останат во своите соби на дрвото.Како да е тоа нивно гнездо- вели тој.