Новиот моден детаљ на светски познатата пејачка Rihanna се ноктите во јарка жолта боја.
Пејачката од Барбадос ги прошетала новите „канџи“ во светло жолта боја и вниманието на сите присутни било насочено кон нив. По клошарскиот изглед и јадењето пица на сцена пред некој ден, па стајлингот кој потсетува на Клеопатра, следуваше и ова.
Очигледно веќе нема кај да се оди понатаму, со оглед на тоа што границите на модните комбинации веќе одамна се поместени и нема каде понатаму да се оди. Одамна е постигната модна кулминација.
Жолтите нокти во комбинација со црна, кожна јакна, црно-бело здолниште и маичка се чинат како добар контраст.
Како вам ви се чини оваа комбинација?

