Веќе наизуст ги знаеме лекциите, фактите, дека хигиената е важна, дека бактериите се опасни и самите треба да се заштитиме… Без да навлегуваме во „ноторни факти“ , ќе Ви претставиме едноставен начин со кој ќе ги заштитите Вашите четкички за заби, пастата за заба и приборот за хигиена…
Во екот на летните одмори, Вие бидете подготвени со преслатка хигиенска торбичка.
За истата, потребно Ви е:
– пешкир ( димензии 12 x 12 )
– лента за панделка ( долка околу 50 сантиметри )
– машина за шиење
– ножички
– игли за шиење
Постапката е прикажана на следниве фотографии:
1. Здиплете го пешкирот како на сликата:

2. Сошијте вертикални линии, во вид на прегради:

3.Само прицврстете ја лентата, без да ја сошиете:

4.Или, сошијте ја точно на средина, од задната страна:

5.Торбичката е готова.

6.Сега вашата четкичка за заби е на сигурно.

