Motherhood

Во светот на бебешките сништа …

Додека го гледате најмилото човечко суштество, сигурно се запрашувате што „ поминува “ во тоа слатко главче. Во тоа размислување не сте осамени, бидејќи истото е доста често дури и на Интернет пребарувањата. Направени се многу малку истражувања што не е ни чудо, со оглед дека бебињата и не се најкомуникативните субјекти.

Сепак, оние кои се занимаваат со тоа прашање, како на пример доктор Едвард Кулич, специјализиран педијатар за навиките при спиењето кај децата и автор на книгата The Best Baby Sleep Book, имаат некои претпоставки.

Со оглед дека знаеме дека и бебињата поминуваат низ REM, фаза од сонот поврзана со сонувањето, можеме да претпоставиме дека доенчето ги асимилира своите дневни искуства. А кои се всушност тие дневни искуства  кои можат да завршат во нивните сништа ? Хранењето, мирисите, чувствувањето топлина, гладот или досадата…

Уште еден извор за инспирација на нивните сништа, се нивните родители. Лекарот Ален Грин, инаку њујоршки педијатар, верува дека сништата на едно бебе се исполнети со слики од неговите родители. Понекогаш сништата се пријатни, понекогаш наликуваат на ноќна мора. Бебињата мора да бидат нервозни поради глад, болка или чувство на самотија. А сé што предизвикува да се расплачат, е присутно и во нивните сништа.

Некои педијатри сметаат дека ноќните мори се појавуваат околу втората година, меѓутоа Грин мисли дека врвот на нивното плачење е во првите шест недели, а со тоа и врвот на ноќните мори.

Сепак повеќето стручњаци ќе Ви кажат дека не може да се утврди дали и што сонуваат бебињата, со оглед дека самите не можат да се искажат.

Напиши коментар