Дестинации

Водените експедиции на Амазон…Најубавиот Валентајн …

Во чест на големиот празник на љубовта, Св. Валентин, откривме кое место изобилува со најголема доза на романтика. Станува збор за реката Амазон, односно софистицираните водени експедиции кои што се организираат со луксузни бродови. Доколку сакате поразличен Св. Валентин, Ви го претставуваме најромантичното патување во кое главен збор ќе имате Вие двајца…и природата.

Луксузните бродови, располагаат со голем комфорт, врвна и квалитетна услуга и прекрасна храна. Се организираат крстарења за 3,4 и 7 ноќи, а мапата на Перу и Амазон, која што располага со интересни предели и предизвици, ќе Ви биде дополнителна сатисфакција сериозно да размислите за ова место. Во комбинација со прекрасната музика, убавата природа и луксузниот мебел, ова неколкудневно романтично патување ќе Ве натера да заборавите на секојдневието…и ќе Ви го овозможи најубавиот Валентајн што некогаш сте го имале…

Напиши коментар