Здраво тело

Водич низ соковите и шеќерот: во пола литро сок има 16 лажици шеќер!

Ледените чаеви од шише имаат еднаква количина на шеќер и калории како и газираните пијалоци, а шеќерот и кофеинот од соковите се добитна комбинација за хиперактивност на децата.

Газираните пијалоци се преполни со шеќери, го поттикнуваат дебелеењето, ги оптеретуваат црниот дроб и бубрезите, ги “крадат” минералите од организмот, ја ослабуваат концентрацијата…

Ако во една чаша од 2,5 дл има сок, во него има 27 гр шеќер. Ако секој ден пиете само по една чаша ( а реално е многу повеќе) вие по текот на месецот ќе внесете 3200 непотребни калории, односно 38.000 калории годишно, што ви загарантира плус пет килограми и ако сте на диета. Ако пиете по едно литро сок во денот за само една недела ќе се здебелите 450 гр.

Во половина литро газиран сок има околу 16 лажици шеќер, а тоа е три пати поголема доза на шеќер од онаа што ја препорачуваат нутриционистите.

Но, не треба да се пазите само од газираните пијалоци, шеќерот во огромна речиси иста количина го има и во овошните сокови, а и во ледените чаеви.

 

Напиши коментар