Ве водиме низ една патека која ќе ве однесе во непосредна близина на реката Сенди. Всушност градацијата на висината, ќе ви биде непосреден сопатник, и додека размислувате, Вие сте веќе таму.
Постојат неколку убави глетки на планината Худ, но дефинитивно ова што Ви го нудиме е спектакл. Светкавата вода, која за момент ќе Ве предомисли да верувате во нејзината реалност ќе биде наградата за Вашето пешачење.
Едноставно, нема да можете да одолеете на она што Ви следува.
Патеката има неколку крстосници и повеќе патишта. Доколку се одлучите за ова место, Ви го предлагаме оној кој води преку патеките за пешаци и јавање на коњи, кои особено придонесуваат за финишот на оваа авантура. Освен впечатокот на блескавата вода, ќе Ве фасцинира и внатрешноста на шумата која грижливо го чува ова симетрално издание на мајката природа. Затоа, не мислете се и наградете се во прегратките на еден од најубавите водопади во светот.











