Мода

Vogue очила за сонце Пролет/Лето 2012

Презентирани од гламурозното заштитно лице, Kate Moss, овие очила со брзина на светлината се најдоа како главна тема во сите модни едиторијали.

Софистицираните облици се можеби главната сижејна линија на новата колекција на очила за сонце, брендирани од Vogue. Безбојните стакла, мачкестиот изглед, големите оквири со ретро изглед, се само дел од авангардното шоу, успешно претставено од можеби и најпознатото лице во модната индустрија.

Рамките во боја, го искажуваат слободниот дух, кој напротив, оваа година не е ограничен, и одлично оди во комбинација со секоја боја.

Ви ги нудиме најновите модели на очила за сонце од колекцијата на Vogue за Пролет/Лето 2012  во кои со гаранција ќе се заљубите !!!

Напиши коментар