Motherhood

Вонбрачните афери – Жените повеќе изневеруваат !!!

Кога е во прашање сексуалната прељуба, жените се попромискуитетни отколку мажите, тврдат британски студии околу оваа тема…

Истражување кое го следело однесувањето на двата пола, во кое учествувале 4.000 испитаници утврдило дека жените во просек имаат по 2,3 љубовници, додека мажите имаат 1,8.

Објаснувајќи ги причините зошто изневеруваат, мажите рекле дека сакаат сексуално возбудување, сакаат да ја „ убијат “ здодевноста во бракот, но и да го нахранат своето его.

Од друга страна пак, жените во вонбрачните врски бараат емоционална исполнетост, романтика и начин да ја подигнат својата самодоверба. Припадничките на понежниот пол, се исто така повеќе склони кон заљубување во љубовникот, отколку во својот сопруг.

Жените, во вонбрачните води се впуштаат пет, а мажите жест години по склучувањето на бракот. И двата пола се согласуваат дека моногамијата е неприродна состојба, а 76% од жените и 67% од мажите тврдат дека и понатаму го сакаат брачниот партнер. Околу 80% од прељубниците имаат намера да останат во брак, но 40% од жените и 30% од мажите би побарале развод кога би дознале дека нивниот брачен другар ги изневерува.

Жените имаат поголеми шанси да најдат љубовник и обично имаат потполна контрола над таа врска, одлучувајќи дали и кога ќе ја „консумираат“…

Напиши коментар