Sweet Home

Воодушевувачки ентериер од тули, дрвена граѓа и светлина

San Francisco Loft е местото кое се  отвара пред Вашите очи, идилата која живее во Стилот на Њујорк. Ентериерот е изложен во тула и дрво и е „поплавен“ во природна светлина, која доаѓа поради големите прозорци и високите тавани. Ова место сигурно ќе го привлече Вашето внимание поради деталното уредување на просторот и поради фантастичната колекција дрвени предмети и поради сопствениот лифт. Реновирањето на ова место, покрај комфорт и луксуз, на идниот сопственик му овозможило дури и да работи тука. Двете спални лесно можат да се прилагодат и како канцеларии, предизвикувајќи ги купувачите да изберат две опции: дали да заработуваат од оваа мансарда, или едноставно, само да го поминуваат своето слободно време.

Понудена со цена од 1.550.000 американски долари, на површина од 670 метри квадратни, мансардата секако дека ќе Ве инспирира…барем анализирајќи ги нејзините детали.

Напиши коментар