Мода

Впечатливи и уникатни патики од Isabel Marant

За впечатливите патики на Isabel Marant „ полудеа “ бројни познати, но и непознати трендсетерки. Од познатите, тука е Миранда Кер, која оваа Зима не се одвои од нив, а тука е и слатката Ема Ватсон. Од помалку познатите трендсетерки, доминираа блогерките кои овие модели на патики ги носеа на ревиите на модните недели кои беа актуелен настан.

Што е толку посебно во моделите на Isabel Marant ?

Всушност, гломазните модели ги освоија дамите, претежно поради необичниот, по малку футуристички дизајн. Ова не се класични патики, ниту пак патики кои ги носиме во теретана или за време на други спортски активности. Ова се вистински фенси патики кои имаат повисока „ полна пета “ и автоматски, ногата изгледа поубаво за разлика од обичните патики. Освен што се гломазни тие се вистинско „statement“ парче поради кое ќе се вртат по Вас…

Напиши коментар