Убавина

Вратете го сјајот на косата на ефтин начин

Ви препорачуваме некои необични состојки од вашата кујна, кои ќе ви помогнат да си го вратите сјајoт и мекоста на вашата коса. Прочитајте со што се можете да ја измиете косата и каков ќе биде ефектот.

Пиво – измиената коса добро истријте ја и измијте ја со пиво. Витамините и шеќерот од пивото на косата ќе и дадат сјај и густина.

Лимон – лимонот може да помогне за осветлување на косата, но и на масното теме. Измешајте сок од лимон со половина шолја вода и оставете да делува на косата 5 минути. Измијте со млака вода.

Коприва – чајот од коприва, може да ви помогне при појавата на првут. Исто така е корисен за спречување на мастење на косата. На крајот на миењето на косата измијте ја со чај од коприва.

Липа – доколку косата ви е испукана од фенирањето и од фарбањето, цветот од липа ќе ви биде од голема корист. Со чајот од цветови од липа измијте ја косата.

 

Напиши коментар