Убавина

Сок од киви за сјајна коса

Бидејќи студот е присутен и ќе биде уште некој месец, треба да го подготвите вашето тело за тоа. Освен консумирање на здрава храна за здравје и убавина потребна е и зимска нега.

Косата е онаа која многу страда на ладното и суво време. Го губи сјајот, станува нескротлива, сува и лесно пука и се крши. За да го вратите сјајот на косата ќе ви понудиме едноставна маска. Испасирајте неколку киви и процедете ги на газа. Сокот од киви измешајте го со 3 лажици маслиново масло и малку млеко. Намокрете ја косата со оваа течност и оставете ја барем половина час да делува. Потоа измијте ја косата, а ефектот ќе го видите веднаш.

Напиши коментар