Убавина

Вратете и го сјајот на кожата

Прирдно е кожата со текот на годините да го губи сјајот и да станува се потемна. Затоа се препорачува да ја негувате косата со природни маски и пилинзи кои на кожата и ги даваат потребните витамини и минерали, а со тоа кожата ја задржува влажноста, сјајот и убавиот тен.

Направете пироден пилинг кој е богат со витамини и минерали. Потребно ви е: мед, киви, мелени бадеми, неколку капки маслиново масло, и јагода. Испасирајте го овошјето ставете го медот и мелените бадеми. Ставете го маслиновото масло и убаво промешајте. Нанесете ја смесата на лицето и оставете нека делува 20 минути. На крајот убаво измасирајте го лицето со кружни движења. Измијте се со млака вода. Кожата ќе го врати убавиот сјај веднаш.

Напиши коментар