Здраво тело

Време е за ролери !!!

Физичката активност помага да го одржуваме нашето тело убаво и здраво, но и да се ослободиме од стресот. Доколку одењето во теретена или фитнес тренинг Ви е премногу напорен… Ние Ви предлагаме РОЛАЊЕ !!!

Еве зашто !!!!

Возењето ролери е идеален начин да за обликување на Вашето тело пред годишниот одмор. Ролањето е одлична вежба за затегнување на повеќе битни мускули на различни делови од телото. Стомачни, грбни, мускулите на рацете и нозете сите заедно се вклучени во самата активност на ролањето. Тетивите на колковите, колената и стапала ќе ви бидат засекогаш благодарни доколку барем 1 и пол час од денот одвоите за возење на ролери. И не само тоа… возењето ролери е корисно за развој и правилно функционирање на кардиоваскуларниот и респираторниот систем.

Час и пол ролање е еднакво на 1000 изгубени калории. Во споредба со другите видови ленсни телесни активности го носи епитетот НАЈДОБРО.

Ролерите се одлична забава !!! Можете да се возите сами или во друштво. Се возат секаде каде има асфалтиран пат, и најважното за нив не ви е потребно паркинг место. 🙂

За сите оние кои се плашат или мислат дека ролањето е бесмислено и само за женската популација мораме да наспоменеме дека се во голема забуна.  Имено ролањето е многу подобро и од трчањето или голем број на фитнес вежби. Најдоброто што може да го понуди ролањето е убаво тонирано тело пред летните одмори. Потребно е час и половина ролање во текот на 1 ден 10 дена и верувале или не Вие веќе сте симнале од 4 до 8 килограми во зависност од интензитетот и Вашата истрајност.

На почетниците им препорачуваме заштитна опрема која може да се набави во сите специјализирани продавници за спортска опрема.

Ролајте  по 18 часот избегнете го високото УВ зрачење.

Време е за ролери !!!

Напиши коментар