Очигледно дојде времето кога мораме да ја поместиме летната гардероба за сметка на есенската, да го преуредиме целиот гардеробер, да ги извадиме есенските чевли, елеци, јакни, мантили…Односно смена на сезоните.
И секогаш токму во овој период сите ние сме збунети и првото нешто на кое помислуваме е: Немам што да облечам!
Токму затоа, деновиве интензивно ќе форсираме главно есенски комбинации со цел да влезете во есенскиот фазон и да почнете да размислувате „есенски“.

































