Мојата кујна

Waldorf салата

Историјата на оваа прекрасна салата почнува во далечната 1893 во Њујорк од страна на Oscar Tschirky главен готвач во хотелот Waldorf Astoria, во тоа време еден од најреномираните хотели во Големото јаболко. Оваа салата е американска класика, едноставна за правење со повеќе варијации во зависност од тоа што преферирате – дали сакате мајонез или јогурт, дали сакате ореви или бадеми изборот го оставеме на Вас.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

½ чаша сечкани ореви

½ чаша сечкан целер

¼ чаша суво грозје или ½ чаша свежо грозје

1 средно сечкано јаболко

3 супени лажици мајонез

1 супена лажица свеж сок од лимон

сол

бибер

марула

Начин на подготовка:

Подготовката е едноставна… Измешајте ги сите состојки и вкусете го вкусот на Американската класика.

 

Уживајте!!!

Напиши коментар