ШоуБиз

Whitney и ќерката земале дрога од ист дилер!

Кокаинот и марихуаната за покојната пејачка и нејзината ќерка ги набавувал еден крупен, црн човек, кој сите го знаат како Jay. Дрогата им ја носел во нивната куќа во Хјустон.

Трагично починатата пејачка Whitney Houston интензивно се дрогирала во последните месеци од животот. Дрогата не ја купувала сама, туку и ја носел „пријателот“. Дилерот најчесто го викале навечер, а дрогата ја плаќале со „дебела пара“.

Whitney наводно не знаела дека од истиот дилер, дрога зема и нејзината ќерка Bobby Christina. За разлика од зависната мајка, ќерката нарачувала само марихуана и алкохол. Поранешниот дечко на Bobby изјавил дека му било тешко да ја контролира девојката, бидејќи мајка ѝ и давала многу пари, а таа ги трошела само за забава.

–          Видов како со пријателите за два дена исшмркаа 3,5 грама кокаин! – изјавил дечкото.

Напиши коментар