ШоуБиз

Whitney починала од случајно давење!

Официјалната причина за смртта на Whitney Houston (48) е случајно давење. Оваа вест со медиумите ја споделил извор близок до тие што го истражуваат случајот.

Исто така, било откриено и дека пејачката во својот крвен систем имала кокаин во времето кога настапила смртта. Како дополнителни причинители за смртта се сметаат употребата на кокаин и болеста на срцето.

Овие информации се дел од официјалниот извештај, а во крвта на пејачката била пронајдена и марихуана, а и други лекови.

Значи и не е сѐ како што се пишуваше во првичните извештаи, дека во апартманот на пејачката имало само препишани лекови и тоа не во алармантни количини. Сеуште се чека на финалниот, детален извештај.

Напиши коментар