…Одлична кампања за Пролет 2012
За Пролет 2012, Wildfox Couture, брендот кој ги воодушевува сите трендсетерки, направи уште една голема кампања. Овој пат, инспирација се старите вестерн филмови и готски романи на Том Робинс.
Тешко е да се остане рамнодушен на оваа кампања, со оглед на тоа дека дизајнерките Emily Faulstich и Kimberley Gordon имаат навистина одлични идеи и пробуваат од сезона во сезона да ја воодушеват модната публика, а тоа го постигнаа и со оваа кампања под име „ Even Cowgirls Get the Blues“.
Кога е во прашање дизајнот, остануваат верни сами на себе, маичките со ретро изглед и овој пат се украсени со впечатливи натписи, а исто така, овој пат преувладува чипката и нежните бои. Со оглед на инспирацијата, за оваа сезона ги вклопуваат макси здолништата, кои изгледаат како оние легендарни подздолништа на каубојките, а присутна е и црната чипка поради готската инспирација.
Погледнете ја најновата колекција на Wildfox Couture и зголемете ја дополнително Вашата потреба за сончевите зраци !












