ШоуБиз

Will Smith му ја „закачи“ една на репортерот :)

Will Smith наеднаш го изгубил трпението на црвениот тепих. Настанот се случил во Москва на премиерата на филмот „Луѓе во црно 3“, кога актерот е снимен како му удира шамар на еден украински репортер, кој му го нарушил интимниот простор на актерот обидувајќи се да го бакне во уста.

Краткиот инцидент се случил откако репортерот побарал да го гушне актерот, на што актерот на драго срце прифатил. Тогаш дечкото се обидел да го бакне во уста, а изненадениот Smith го оттурнал од себе со зборовите „Аман бре, чевече! Што ти е проблемот?“. Пред да си замине дечкото, Will му удира лесен шамар на образот.

Инаку, овој репортер е познат по тоа што се обидува да ги бакне познатите ѕвезди во уста. Погледнете го инцидентот:

http://www.youtube.com/watch?v=bNtt8u8V1UY&feature=player_embedded

Напиши коментар