ШоуБиз

Willow Smith зеленокоса! :)

Willow Smith продолжува да ги забавува своите фанови со различните фризури кои ги менува со брзината на светлината. Околу една недела откако си ја офарба косата во руса боја, ќерката на Will Smith решила да стане зеленокоса. Си ја офарбала кратката коса во зелена боја и сликите веднаш ги поставила на својот профил.

Под своите пози таа напишала и неколку коментари од типот на објаснување дека таа е млад бунтовник и дека сака да ги испроба сите можни стилови и фризури.

Инаку ова е трета по ред драстична промена на фризурата за Willow во текот на само еден месец. Редно време е Will и Jada да поведат малку сметка за своето лудо, 11-годишно девојче.

Напиши коментар