Убавина

Wonderbra – за совршено обликувани гради !!!

Од корсети „ на врзување “, до шпицести градници со чуден изглед… На светот никогаш не му недостасува изум за истакнување на деколтето !!!

Девојките кај кои природата не била толку дарежлива, навистина ќе се израдуваат кога ќе ја слушнат дека на сцена се враќа Wonderbra Variable Cleavage brushalter.

Популарниот производ кој за прв пат е пласиран на пазарот во 2000 година, повторно е достапен.

Овој прилагодлив градник е дизајниран така што само со еден допир, може да ги „ зајакнете “ Вашите облини. Помеѓу двете корпички се наоѓа жица, која кога ќе се повлече, ги приближува двете страни на градникот, го создава подигачкиот таканаречен пуш – ап ефект.

Всушност, во зависност од трите вида повлекување, може да произведете различни ефекти – од умерено, до вртоглаво деколте.

Големите гради дефинитивно се повторно во мода и покрај доста слабите манекенки кои одат по модните писти!!!

Напиши коментар