Керозин

XKX Jaguar – не можеш а да не го посакаш

Инспириран од Jaguar E-Type (1961-1975), концептот дизајниран од страна на студиото Skyrill и Marin Myftiu, во кој се вклучени страничните огледала кои исчезнуваат…

Огледала

Друга карактеристика на Jaguar XKX е целосното исчезнување страничните огледала. На околу 1 см дебелина, огледалата совршено се вклопуваат во плитки отвори направени во вратата. Кога автомобилот е во мирување тие се затвараат. А повторно се отвараат  кога е во работна позиција. Ова претставува надополнување и на естетиката, а во исто време и ги штити страничните огледала од било каква штета кога сте паркирани.

Аеродинамика

Со оглед на многу помалата и поинтересна централа од конвенционалната, аеродинамиката е изведена на нов иновативен начин. Зафатнината на страничните дефлектори на предниот дел се направени пошироки, па многу поголемо количество на воздухот не се заглавува кај моторот, наместо тоа, тој поминува низ предните тркала, излегува зад нив и лизга по вратите, а потоа зема повторно кратенка преку задните тркала и надвор од големите задни отвори, во голема мера се намалувајќи го вкупниото течение а со тоа и влечењето.

Регенеративна енергија

Речиси 60% од енергијата која се користи од страна на еден типичен автомобил на брзина на автопат се троши за да се спротивстави на воздушното триење. Очигледно, многу енергија се троши за функција која е неопходна, но не е примарна. Телото на XKX е покриено со слој микроскопски бранови на пиезоелектрични клетки, кои, поттикнати од притисокот на воздухот тече над нив (воздушното триење кое се случува на автомобилот) производува електрицитет кој се враќа назад на батеријата на возилото, зголемувајќи ја и ефикасноста и перформансите.

Напиши коментар