Брендот како Yves Saint Laurent никогаш не се подлажува со ниските страсти на жената, туку напратив го презентира она што би требало да биде дневна алфа и омега на секоја модно едуцирана жена. Јаките, промислените, жените со стил и посебна енергија се онаа таргет група кон која се стреми новата пред есенска колекција 2012 на YSL.
Според критичарите оваа колекција е една од најдобрите кои се презентирани за наредната сезона. Високите оценки и не се изненадување, покрај фактот дека YSL со години наназад е вистинка мека на прекрасни парчиња облека, омилена помеѓу жените со стил.