ШоуБиз

За Brangelina нема брак поради Aniston!?

Според американските медиуми, Brad и Angelina ја откажале свадбата по една жестока расправија. До кавгата дошло бидејќи Bred му раскажал на синот Maddox за својот брак со Jennifer Aniston. Имено, детето го прашало Bred која е Jennifer, а тој искрено му одговорил.

–          Brad не знаел дека Angelina е дома и сѐ му раскажал на синот. Му раскажал и како порано ја сакал Aniston, па во тој момент во собата влегла Jolie. Била бесна на него. Brad дотогаш бил сигурен дека децата никогаш нема да прашаат која е Jennifer. Angelina полудела и рекла дека е бесмислено што не ги надгледуваат децата додека се на интернет. Таа сфаќа дека ова е само почеток и дека ќе мора тоа еден ден да им го објасни на сите шест деца. Децата ќе сакаат да знаат што им правеле родителите порано, – изјавил изворот кој додава дека за време на кавгата Jolie се дерела и викала дека нема да има свадба. Brad само се качил на својот мотор и заминал.

Напиши коментар