Денес ќе ви претставиме неколку модели кои припаѓаат на различни брендови и кои според нас се модни диктатори, а со цел да ви го презентираме најпрегледно најновиот есенски тренд што се однесува на чевлите.
За разлика од она што го очекувавме – класична палета есенски бои и едноставни кроеви, трендот покажа нешто сосема поинакво. Ќе забележите дека најчесто се комбинираат две или три бои и формата на чевлите е разиграна. Основни бои околу кои се движи се во модата сезонава се: црна, трула вишна, кафеава, виолетова, сива, зелена, сина но и интензивните бои како жолтата и црвената.
























