Убавина

За да имаш супер секси усни

Независно дали преферирате усни со провиден сјај или пак усни со интензивен кармин, нема спор дека секси усните се нешто што секоја жена сака да го постигне. Со малку подготовка и грижи многу е лесно да постигнете супер секси усни за следната забава на која ќе одите. Единственото нешто што треба да го сторите е да ги погледнете следниве неколку совети.

Ексфолирајте – важно е површината на усните да биде доволно мазна за да можеме лесно да нанесеме кармин или сјај. Карминот нанесен на суви и испукани усни не изгледа добро. Пилингот е единствениот начин за да обезбедите мазна и равна површина.

Хидратација – користете хидратантен крем за усните. За разлика од балсамот кремот нема да попречи за доброто нанесување на карминот, зошто тој се упива во кожата. Можеби знаете дека ако ја пиете потребната количина вода секој ден тоа ќе ги хидратита дополнително усните како и целата кожа.

Нанесете коректор – пред да нанесете кармин прво треба да нанесете мало количество коректор. Тоа помага да им дадете на усните дополнителен обем и дефиниција. Ова исто така ќе попречи карминот да се разтече или размачка.

Додадете сјај – откако ќе го нанесете карминот додадете малку сјај во средината на долната усна. Сјајот во нијанса слонова коска има многу добар ефект и одговара речиси на сите нијанси. Овој последен чекор ви гарантира најсекси усни во светот.

Напиши коментар