Најновата колекција на уникатниот бренд за венчаници – AlmaNovia претставува дефиниција за она што ние многу често го велиме: „Убавината е во малите нешта“. Погледнете колку едноставноста на овие венчаници, без премногу украси и декорации на нив ги прави раскошни, сензуални, женствени, префинети и со сопствен уникатен стил.
Декорацијата се состои само од едноставна низа бисери, или мала сребрена апликација и ништо друго. Бојата е снежно бела што повторно многу ни се допадна.

















