ШоуБиз

За децата на Julia Roberts нема гледање филмови со неа!

Julia Roberts не им дозволува на своите деца да гледаат филмови во кои таа глуми. Актерката има глумено во многу филмови, но според нејзината изјава треба да помине уште долго време пред некое од децата да погледне филм со неа.

–          Тие се многу мали да гледаат такви филмови, со оглед на улогите што ги имам јас, – изјавила Roberts (44) на пресконференцијата по повод најновиот филм „Mirror, Mirror“.

–          Доста сме строги со сопругот кога станува збор за што да се гледа на телевизија. Ќе почекаме да дојде вистинското време кога сите заедно како семејство ќе погледнеме некој од моите филмови, но тоа секако нема да е за две недели, – завршила таа.

Кај нив дома, повеќе се читаат книги и споделуваат идеи и приказни, отколку што се гледа телевизија.

Напиши коментар