ШоуБиз

За една недела Цеца си заработи стан во Белград

Српската фолк дива Цеца ова лето има бројни настапи за кои заработува големи пари. Сега за сега за една недела има закажано два настапи од кои ќе земе 75.000 евра.

Еден од настапите е оној најавениот во Струмица на Опен Фестивалот. Цеца има задолжение да пее 100 минути.  Освен неа, на овој фестивал се најавени и Харис Џиновиќ и многу други ѕвезди.

По овој концерт таа ќе одржи уште еден во Охрид, каде исто така ќе добие голем хонорар. Ова се двата големи концерти кои ќе и донесат многу пари, а за летово има уште многу вакви закажани концерти. Кој би можел да претпостави колку пари заработува оваа српска пејачка.

Write A Comment