ШоуБиз

За Eva Mendes бракот и мајчинството се досадна приказна!

Сексапилната актерка Eva Mendes во последно време не обожава многу да се дружи со медиумите.

Од почетокот на нејзината романса со актерот Ryan Gosling, убавата Eva се труди максимално да го сокрие својот приватен живот од очите на јавноста. Сепак, овој пат таа се одлучила да сподели дел од својата харизма и размислувања со читателите на списанието „Marie Claire“.

–          Приказната за мајчинството и бракот е досадна. Навистина не сакам да зборувам за работите кои ги посакувам да ми се остварат во иднина. Ако ги кажам, сметам дека нема да ми се остварат.

Кога ја запрашале за амбициите во животот, таа одговорила:

–          Сакам сѐ да искусам, и убави и лоши работи. Генерално, го живеам она што ми го сервира животот и постојано сум во акција, што не значи дека не водам сметка за себе.

Напиши коментар