ШоуБиз

За Ева Мендез партнер од соништата е Рајан Гуслинг!

Ева Мендез и Рајан Гуслинг работат заедно на филмот со наслов „The Place Beyond the Pines“, а за своите искуства од снимањето Мендез проговорила во интервју за списанието „Мери Клер“.

–          Рајан е партнер за глумење од соништата. Никогаш не сум се чувствувала толку креативно задоволна на филм. Тој е неверојатен, – отворено зборувала Ева за мартовското издание на списанието.

За жал, тоа е сè што Ева открила за актерот, а за нивните приватни односи не сакала да даде коментар. Вели дека ѝ е непријатно да зборува на таа тема во јавност. Во септември, минатата година, двајцата беа сликани како се држат за раце.

Ева одбива да ја коментира и можноста да се омажи и да има деца.

–          Тие теми ми се досадни. Јас не сум таква девојка. Не сакам да зборувам за работите што ги посакувам во иднината бидејќи имам чувство дека ако ги именувам, нема да ми се остварат.

Напиши коментар