Oткако по разводот започнаа да снимаат заедничко шоу, никој не помислуваше дека овој проект нема да биде така лесен. Иако и двајцата се професионалци во она што го работат, често се случува жестоко да им се спротивстават мислењата за младите таленти кои ги пронаоѓаат.
Коментирајќи некои од привлечните натпреварувачки, Marc Anthony некои од нив ги нарекол „свои бебиња“ од причина што бил воодушевен од нивните секси тела и заводничко танцување.
Ова не ѝ се допаднало на латино ѕвездата Jennifer Lopez, па својот поранешен сопруг го нарекла свиња. Секако, веднаш по коментарот таа се насмевнала, но според еден член на продукцијата на шоуто, тие постојано иронично си дофрлаат коментари обидувајќи се да ја прикријат напнатоста која постојано е присутна.
Се прашуваме како Mark ја нарекол J Lo кога го видел последниот спот за песната „Dance Again“.
