ШоуБиз

За Johnny Depp животот нема смисла без децата!

Johnny Depp изјавил дека бил многу несреќен сѐ додека не станал татко. Актерот признава дека се чувствувал празно сѐ додека не добил деца со Vanessa Paradis.

–          Ништо на овој свет не може да ме натера повторно да поминам низ некои години од мојата младост. Човек ќе порасне малку оштетен и уништен, а потоа успева во животот. Сепак, не знаеш како да се чувствуваш добро во работата што ја работиш и животот што го живееш, – вели Depp.

Родителите на актерот се развеле кога тој имал само 15 години и тој признава дека самиот себе си нанесувал телесни повреди, додека се обидувал да се помири со тој факт.

Според него, неговите деца го прават да го цени животот во потполна смисла.

–          Бев лут и исфрустриран сѐ додека не основав свое семејство и додека не ми се роди првото дете. Сѐ дотогаш не го ценев животот како што треба. За среќа, на време се пробудив, – завршува актерот.

Напиши коментар