Најавено е дека Kanye West ќе се појави во реланото шоу „Во чекор со семејството Kardashian“.
Хип-хоп ѕвездата ќе се појави кон крајот на сезоната на емисијата и тоа во неколку епизоди. Како што сите знаеме главна ѕвезда во ова шоу е неговата наводна девојка Kim Kardashian.
– Kanye е заљубен во Kim и изјави дека сака да биде дел од нејзината емисија. Сепак, Kim е малку скептик што се однесува до оваа идеја, најмногу поради фијаското со Kris Humphriеs. Но, се одлучила да го чува Kanye за крајот на сезоната. На почетокот тој нема ни да се споменува, – изјавил човек близок до Kim.
Во најновата изјава, Kanye само кратко кажал дека Kim е неговата Beyonce. Дали ќе остане така, допрва ќе видиме!
