Убавина

За лице без акни

Лицето кое е склоно на акни, црвенила… бара посебна нега. За да ја смирите воспалената кожа треба да најдете време и 2-3 пати неделно да ја правите оваа маска која ќе го подобри изгледот на вашата кожа. Земете квасец и измешајте го со млако млеко. Оваа смеса ставете ја на лицето и почекајте да се исуши. По овој третман кожата ќе ви омекне, а акните ќе започнат да се сушат.

Акните може да ги уништите и со помош на доматите. Се што ви е потребно е еден домат и две лажици јогурт. Исцедете го сокот од доматот и измешајте го со јогуртот. Смесата ставете ја на лицето и оставете ја 10 до 15 минути. Доколку имате проблематичен грб, доколку и на него ви се појавуваат акни тогаш слободно намачкајте го и него.

Напиши коментар