ШоуБиз

За Megan Fox сопругот е сродна душа!

Megan Fox ја краси насловната страница на списанието Cosmo за месец април и без сомнеж изгледа фантастично. Во едиторијалот кој се наоѓа во самото списание Megan решила да се отвори за сликата која другите ја имаат за неа како и за нејзиниот сопруг Brian Austin Green.

Кога ја запрашале за сликата на цврста девојка што ја остава таа рекла:

–          Тоа е бидејќи имам тетоважи и постојано пцујам, а очигледно тоа е малку лудо. Можеби зрачам со енергија што им покажува на луѓето дека за ништо не ми е гајле, но не е така. Јас воопшто не сум дива.

За првата средба со сегашниот сопруг таа вели:

–          Не знаев кој е тој бидејќи бев премногу млада за Beverly Hills 90210. Првиот пат кога го видов, имав пеперутки во стомакот. А првиот пат кога ме допре? Имаше многу искри. Сме имале пречки, но сме ги надминале. Навистина мислам дека тој ми е сродната душа. Не сакам да звучам како да зборувам клише работи, но навистина верувам дека ни е пишано да бидеме заедно.

Напиши коментар