Art & Crafts

За нов почеток во животот… не е потребно многу !!!

Премногу обврски и премногу емоции се доста лоша комбинација… Време е за нов почеток !!!

1. Ослободете се од минатото

Ова не може доволно често да се нагласува. Не можете да се движите напред, додека влечете товар од минатото. Секако дека не е лесно, но тагата поради загубата и одлуката која што сте ја донеле… не помага многу !!! Не треба да заборавите… Дупката во срцето поради некои работи никогаш нема да исчезне, но сетете се дека заслужувате да бидете среќни и  дека редно време е да изградите нов живот.

2. Развијте визија за подобра иднина

Вистински предизвик е да почнете да размислувате за иднина, каква што Вие сакате. Дозволете им на идеите да поминат низ Вашата глава. Откријте ги Вашите страсти и она што Ве возбудува.

3.Нека Вашите цели бидат реални

Нереалните цели водат кон разочарувања.Пред да почнете нов живот, потребно е да се свестите каде сте сега. Поставете паметни цели. Тие се мерливи, важни и би можеле да се остварат во реална единица време…

4.Делувајте

Секојдневно правете листа на нештата кои треба да ги направите за да се приближите кон она што го сакате и остварувајте ги една по една. Не „лежете во кревет“ додека не ја исполните листата. Следете го овој совет и новиот живот ќе дојде побрзо отколку што очекувате.

5. Не заборавајте да се негувате и уживате

Спрема себе, секогаш бидете грижливи. Здраво хранете се, одмарајте доволно и бидете активни. Не игнорирајте ги Вашите физички и ментални потреби.

Напиши коментар