Убавина

За очи кои пленат на прв поглед

Убавите очи и поглед се најубавиот “украс” на секоја жена, а за тоа шминката може многу да ви помогне. Ова се триковите кои ќе ви помогнат:

Извиткувач за трепки

Пред да започнете со шминката извиткајте ги трепките со извиткувач. Доколку немате и лажицата може да ви биде од корист. Со внатрешниот дел свиткајте ги трепките нагоре и држете неколку секунди.

Убаво средени веѓи

За комплетен изглед на очите важна улога имаат веѓите. Исчешлајте ги убаво и нагласете го нивниот облик.

Коректор во боја на праска

Наместо со жолтеникав, подочниците прекријте ги со коректор со праска нијанса.

Пудра во потемна нијанса

Во пределот на очите ставете пудра со потемна боја, овој трик ќе направи да изгледаат вашите очи поголеми.

Ускладете ја бојата на сенката со бојата на очите

На сините очи најдобро одговараат сините, сивите и црните тонови. На кафените очи одговараат кафени, зелени, портокалови нијаси. На зелените очи најмногу одговараат кафени, зелени, вилоетови нијанси на сенки.

Бело моливче

За да ги зголемите визуелно очите користете бело моливче кое ќе го нанесете на внатрешната страна од очите.

Многу маскара

За да добиете ефект на големи и впечатливи очи ставете маскара во неколку слоја. И на горните и на долните трепавици.

Туш за очи

Не го заборавајте никако. Тој е јаготката на шлагот. Без него нема да го постигнете саканото.

Напиши коментар