Од глава до пети – во примамливи бои, принтови и материјали…
Веселите и шарени парчиња облека, секогаш се добредојдени во секој ормар, особено кога се во прашање ведрите летни денови. H&M предлагаат неколку неодоливи комбинации кои мамат со својата опуштеност, но и поволни цени.
1. Романтичарките сигурно ќе бидат воодушевени од чипкано фустанче, без разлика дали ќе биде надополнето од рамни сандали или високи потпетици.

2. Нијансите во боја на сладолед се идеална комбинација за кратки панталони и маички без ракави, кои совршено го истакнуваат потемнетиот тен.

3.Цветните и тропски мотиви во изразено јаки бои се создадени за опуштените девојки со разигран дух.

4.Во нешто понеутрални нијанси, подгответе се за летните прошетки.

5.Еднобојните комбинации никако не смеат да бидат здодевни. Надополнете ги со монохроматски детаљи или шарени аксесоари.

6. Спортската елеганција и комбинацијата на бои карактеристични за наутиката, се непогрешлив избор за ова Лето.

