Конечно и раперот Pibull се осмели да проговори нешто за својата слава и патот до успехот и тоа за априлското издание на списанието „GQ“.
Нему воопшто не му пречи да го нарекуваат „кралот што знае како да продаде“. Дури и му годи таа титула.
– Луѓето велат дека менувам стилови како чорапи. Можеби ве надраснав. Јас на тоа гледам како на еволуција и правење пат. Ви покажувам каде да одите.
За својата музика и сликата која ја имаат луѓето за него, тој вели:
– Видете, Pitbull е производ. Не се зафркавам – јас сум бизнисмен. Оваа индустрија е 90% бизнис, 10% талент. Оние музичари кои сметаат дека се талентирани, дека нивните г**на не смрдат, закогаш заостануваат зад другите.
За раперот 2009 година била слобода, 2010 инвазија, 2011 преземање на водството, а во 2012 планира да се збогати. Ако не нешто друго, барем е 100% реален!
