ШоуБиз

За „Плејбој“ не би се соблекла!

Манекенката Ирина Шајк се соблече за списанието „Есквајер“, но никогаш не би го направила тоа за Хју Хефнер…

Преубавата Русинка, верницата на Кристијано Роналдо, ги откри своите атрибути за „Есквајер“, но тврди дека за ниедна сума не би се соблекла за списанието „Плејбој“.

–          Ми понудија астрономски цифри минатата година, но не прифатив. Нема шанси! Имам премногу стил, – изјавила прекрасната бринета.

–          Знам дека доста познати модели од калибарот на Наоми Кемпбел и Клаудија Шифер се имаат соблечено за „Плејбој“, но тоа го сторија пред крајот на своите кариери.

Шајк додава дека, како и повеќето манекенки, во детството имала повеќе проблеми отколку корист поради својот изглед.

–          Момците не ме сакаа, бев премногу слаба и висока!

Напиши коментар