Здраво тело

За појадок јадете јајца!

Белковините кои ќе ги изедете за појадок се најдобриот извор на енергија за вашето тело и неговите активности кои го очекуваат во текот на денот. Новото истражување објавено во магазинот  ‘Nutrition Research’  покажало дека за телото  е добро појадокот да изобилува со белковини, поконкретно, јајца.

Јајцата се храна со исклучителна биолошка вредност и хранливост. Енергетската вредност просечно изнесува 147 kcal на 100 g. Кога ќе се издвои жолчката од белката, содржината на хранливите материи битно се менува; маснотиите остануваат во  жолчката, а протеините се делат така да малку повеќе остануваат во жолчката ( 16,8% : 10,5% ). Сите останати важни состојки  остануваат во жолчката а белката нема ни витамини ни минерали.

Со јајца против зголемената тежина

Истражувањата покажаа дека јајцата го смалуваат чувството на глад и помагаат во текот на денот во телото да внесеме помалку калории.

Луѓето кои денот го започнале со оброк кој содржи јајца, за ручек внесуваат помалку калории од оние кои за појадок јаделе оброк со еднаква енергетска вредност, но побогат со јаглехидрати.

Зошто јајцата се важни за слабеење?

За успешно слабеење најважно е мускулната маса да ја одржувате на исто ниво. Кога почнувате со диета, првиот дел на удар се вашите мускули – ако не внесуваме доволно калории, телото ќе настојува да ги потроши резервите  енергија во мускулите, а тоа ќе ја намали мускулната маса.

Кога телото ќе сфати дека нема доволно храна, тоа ќе ја намали дневната потреба за калории и слабеењето нема да биде баш успешно.

За да раснат вашите мускули, потребни им се белковини. Нив најмногу ги има во јајцата….

Затоа, место да живеете на риба и мешунки, за појадок  без размислување изедете јајца!

Напиши коментар