Навикнавме во последно време да ги гледаме во најлуди, најестравагантни, најоткачени изданија, па овој фото едиторијал со сестрите Кардашијан може малку да ве изненади.
Ким и Клое се насмевнуваат на насловната страна на магазинот Prestige за месец октомври. Убавите реалити сестри овој пат ја покажаа својата нежна страна позирајќи во тренди бели, крем, и светло сиви креации со потписот на модните куќи Emporio Armani, Stella McCartney и Thomas Wylde. Сестрите Кардашијан во моментов ја промовираат својата нова линија за жени со облини и колкција со шминки. Реалити ѕвездите се горди на своите нови деловни потфати, кои како што тие велат верно го одразуваат нивниот животен стил, а производите кои ги промовираат и самите обожуваат да ги користат.
Уживајте во фотографиите на нежните сестри Кардашијан!





