Популарната пејачка од Барбадос не успева да се поистовети со песните на својата колешка од Велика Британија.
Rihanna вели дека се чувствувала депресивно и уништено откако го преслушала албумот „21“ на Adele. Иако албумот се наоѓа на врвот на сите топ листи и руши рекорди, за Rihanna тој е само парче депресивна музика. Таа не успева да се пронајде во ниту една песна на Adele.
– Имам чувство дека сите се пронаоѓаат во тој албум, но јас не можам да го слушам бидејќи ми е многу депресивен, – изјавила.
Но, како иронија на оваа изјава, всушност самата Rihanna е таа што има љубовни проблеми во моментов, а не Adele.
Сепак, Rihanna и покрај коментарот е голем фан на Adele.
