ШоуБиз

За Викторија Бекам нема пауза!

Во Њујорк, Викторија Бекам ја претстави својата најнова колекција фустани за сезоната есен/зима 2012 година, а Дејвид Бекам ја фотографирал ревијата од првиот ред. Во една прилика за време на ревијата, Викторија признала дека по породувањето за неа немало време за никаква пауза.

–          Откако ја родив Севен Харпер, не постоеше опција да престанам со работа и да направам пауза. Цело лето го поминав доејќи ја мојата ќерка, буквално со изложени гради. Дури и за време на бременоста постојано патував до Лондон и назад во Њујорк.

–          На последното патување пред да се породам бев толку трудна, што кога слетавме во Лос Анџелес, сакаа да ме стават во количка. Им реков дека нема теоретски шанси, – биле зборовите на Викторија.

Напиши коментар